Русија е главниот осомничен во истрагата спроведена од американските разузнавачки агенции за мистериозното заболување на персонал во Амбасадите на Куба и во Кина, објави Ен-Би-Си Њуз.
Британската премиерка Тереза Меј ја оквалификува неофицијалната средба на врвот на Европската унија на 20 септември како важна фаза од преговорите за Брегзит, која ќе им овозможи на лидерите од Унијата првпат да го разгледаат нејзиниот план за излегувањето на Велика Британија, изјави портпаролот на Меј.
Полски дневни весници објавија денеска отворено писмо до Европскиот парламент додека дел од водечките дневни весници излегоа од печат со празна насловна страница. Тие апелираат дигиталните гиганти како Гугл и Фејсбук да не заработуваат од содржини и вести од традиционалните медиуми.
Бројот на гладни луѓе во светот се зголемил во изминатите три години, со што е вратено нивото од пред една деценија, се нагласува во извештај на ОН.
Дипломати од Иран, Русија и Турција имаа денеска состанок со пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура со кого разговараа за формирање одбор за промени во Уставот на Сирија.
Кинеските авиокомпании ќе купат 7.690 нови авиони во вредност од 1.200 милијарди долари во следните две децении, за да го задржат темпото со зголемената потрошувачка и бизнис побарувачката за воздушен транспорт, проценува компанијата „Боинг“.
Најпрометен аеродром во светот е Хартсфилд-Џексон во Атланта, со 104 милиони патници годишно.
Одбранбената соработка меѓу Русија и Кина се одвива во духот на доверба, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг во Владивосток.
Европските пратеници на денешната пленарна дебата во Стразбур на која присуствуваше и грчкиот премиер Алексис Ципрас, го поздравија излегувањето на Грција од економските програми за спас и „напорите на грчкиот народ“ во овие осум години криза.
Директорот на иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи изрази надеж дека нуклеарниот договор на Техеран и светските сили ќе опстане, но предупреди и дека ако тоа не се случи, иранската нуклеарна програма ќе биде посилна од кога било.