Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер в среда ќе го одржи својот последен говор пред Европскиот Парламент за „Состојбата на Европската Унија“.
Белгиските медиуми повикувајќи се на синдикални извори најавуваат дека стјуардите и стјуардесите во „Рајанер“ одново ќе штрајкуваат во повеќе европски земји на 28 септември.
Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј се соочува со „катастрофална поделба“ во врска со планот на Меј за излез од Европската унија, изјави поранешниот заменик-министер за Брегзит Стив Бејкер.
Американскиот претставник за трговија Роберт Лајтхајзер денеска престојува во Брисел, каде ќе се сретне со еврокомесарка за трговија Сесилија Малмстром на нова рунда трговски разговори.
Црквата Сен Жил е изградена 1905 година и им припаѓа на епископските власти, а не на градот. Поранешниот генерален намесник на Бискупијата, Робер Маршал жали што црквата е изградена така што е прескапа за одржување и признава дека можеби ваквиот оглас е и по малку бизарен.
Русија ја обвини САД дека во воздушните напади на воени цели на истокот на Сирија користела фосфорни бомби, во зоната со цивили.
Шведска, по се изгледа, успеа да одолее на националистичката треска предизвикана од миграциската криза во Европа, оценува францускиот весник „Монд“.
Повторната изградба на урнатиоут вијадукт во Џенева ќе чини од 150 до 200 милиони евра, соопштија локалните власти.
Илјадници жители на Никарагва протестираа во главниот град Манагва со барање претседател Даниел Ортега да поднесе оставка и да бидат ослободени политичките затвореници.
Шведската вкладејачка Социјалдемократска работничка партија победи на вчерашните парлементарни избори во Шведска, но заедно со нејзините коалициски партнери - социјалистичката Лева партија и еколошката Зелена партија, не успеа да обезбеди мнозинство во новиот Парламент.