Повторната изградба на урнатиоут вијадукт во Џенева ќе чини од 150 до 200 милиони евра, соопштија локалните власти.
Изградбата ќе ја изврши фирмата Финчантиери, во соработка со Италијански патишта, соопшти гувернерот на покраината Лигурија Џовано Тоти.
При уривањето на мостот минатиот месец загинаа 43 лица.
- Реконструкцијата ќе чини меѓу 150 и 200 милиони евра, а само за отстранување на стариот мост потребни се 10 до 12 милиони евра, соопшти Тоти, додавајќи дека во таа сума се пресметани и отштети на жртвите и нивните семејства.