Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека отворено гледа на можноста, „под одредени околности“ да седне со истражителите кои истражуваат можна врска на неговата предизборна кампања со Русија, но дека не сака да падне во „замка на кривоклетство“, (лажно сведочење).
Канадската војска денеска објави насоки за користење марихуана меѓу припадниците на Оружените сили на земјата.
Министерката за одбрана на Франција Флоранс Парли ја обвини денеска Русија дека се обидела да пресретне комуникација на француската и италијанската служба преку нивниот сателит. Таа оцени дека станува збор за „акт на шпионажа“.
Акциите на Тесла паднаа за седум проценти денеска, откако директорот Илон Маск при интервју запали џоинт.
Главниот преговарач на Европската унија за Брекзит Мишел Барние изјави дека клучните точки од британскиот план за трговските односи меѓу ЕУ и Велика Британија по нејзиното излегување од Унијата „не се прифатливи“.
Украинските власти соопштија дека затвориле два контролни пунктови кон областа Крим, откако пред две недели се случил засега неразјаснет инцидент со хемиски средства.
САД, кои веќе распоредија повеќе од 30.000 војници во Германија, ќе го зголемат военото присуство во таа земја, соопшти денеска американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел.
Демонстрантите во Басра, вториот најголем град во Ирак, денеска го запалиле конзулатот на Иран во знак на протест против иранското мешање во ирачката политика, јави Си-Ен-Ен.
Судот во Истанбул го осуди денеска турскиот режисер Али Авчи на затворска казна од шест години и три месеци заради учество во терористичка група, поради тоа што претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговото семејство ги прикажал на несоодветен начин.
Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон се разведува од сопругата Марина Вилер со која беше во брак 25 години.