Заменик шефот на персоналот на Белата куќа, Џо Хегин, кој раководеше со тимот задолжен за организација на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур, понесе оставка.
Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб (Bithumb), од која се украдени виртуелни валути во вредност од 35 милијарди вони (31,51 милиони долари).
Сенатот на канадскиот Парламент одобри легализација на марихуаната за рекреативни цели со закон кој го регулира одгледувањето, дистрибуцијата и нејзината продажба.
Индонезиските власти денеска соопштија дека по потонувањето на траектот во езерото Тоба во Индонезија, бројот на лица кои се водат како исчезнати изнесува околу 180, што е трипати повеќе од капацитетот на бродот.
Европските предлози за спас на иранската нуклеарна програма од 2015 година, по повлекувањето на САД, не се задоволителни за Техеран, изјави шефот на Иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека криминалот во Германија расте поради мигрантската политика на Берлин и ги оспори официјалните податоци, кои го говорат спротивното.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, постигнаа согласност за една од точките на разговор на следниот европски Самит: буџетот на Еврозоната.
Европските аеродроми немаат капацитет да се справат со сѐ поголемиот воздушен сообраќај, и во наредните години и децении треба да се очекуваат сѐ почести доцнења, оценува Евроконтрол.
Русија и Саудиска Арабија вршат притисок врз ОПЕК за значително да се зголеми производството на нафта во јули, за да се надомести недостигот на нафта на пазарот предизвикан од намаленото производство во Венецуела и Либија.
Бројот на новозапочнати градби во САД порасна за 5 проценти во текот на мај и достигна 1,35 милиони, што укажува дека градежната индустрија, како клучна економска гранка во САД, е во исклучително добра состојба.