Стапката на невработеност во Турција во март изнесувала 10,1 отсто, што е за 0,5 процентни поени помалку во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт.
Бројот на повредени во силниот земјотрес во Осака се зголеми на 300 луѓе, јавија локалните медиуми.
Баварските сојузници на канцеларката Ангела Меркел, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), денеска ќе одлучат колку далеку ќе одат во спорот со германската лидерка во врска со миграцијата, кој ескалира во закана за нејзината Влада.
Министрите за внатрешни работи на шесте земји од Западен Балкан, вклучително и од Македонија, утре во Брисел ќе се сретнат со Европската Комисија и со претставници на австриското и бугарското претседателство со Унијата.
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ќе ги посети клучните држави во ЕУ во наредните денови за да се обиде да изнајде компромис за мигранциската криза.
Јужна Кореја денеска почна дводневни воени вежби на островите Докдо во Источното море, со кои се симулира одбрана на тие острови, соопшти портпаролката на јужнокорејското Министерство за национална одбрана Чои Хјун Со.
Невладината организација за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ) побара на претстојниот Самит на шефовите на држави или влади на ЕУ да биде покажано лидерство за миграциските прашања.
Германската канцеларка Ангела Меркел, под притисок на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и австрискиот канцелар Себастијан Курц, прифати учество на самит на земјите кои се најпогодени со мигрантскиот бран.
Италијанската полиција спроведе масовна операција во реонот на градот Бари, при што се упсени 104 лица под обвинение за поврзаност со мафијата, јави италијанската телевизија РАИ.
По речиси три децении, еден од најсложените балкански спорови е завршен на брегот на Преспанското Езеро, со потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, официјално најавувајќи нова ера на мир, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.