Пратениците од Европската унија се подготвуваат овој месец да побараат од европската Агенција за кибер безбедност и заштита на податоците да спроведат контрола во Фејсбук.
Невладините организации кои работат на заштита на мигрантите што минуваат низ Медитеранот се меѓу предлозите за годинашната награда на Сахаров, соопшти Европскиот парламент.
Брисел драстично ја намали помошта за Турција, што беше наменета за подготовка за евентуалното присоединување на земјата кон Европска унија, поради недостиг на напредок од страна на Анкара во исполнување на критериумите, соопшти денеска Европската комисија.
Царината во Европската унија конфискувала лани 31 милион фалсификувани продукти со пазарна вредност од 580 милиони евра, соопшти денеска Европската комисија.
Индискиот Врховен суд денеска ја декриминализира прељубата, за што досега беше предвидена петгодишна затворска казна.
Главната шпионска агенција на САД се подготвува да го засили своето присуство ширум планетата, со цел да ги елиминира т.н. „разузнавачки дупки“ и да одговори на се поголемата закана од страна на големите сили. како што се Русија и Кина.
Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи синоќа дека никогаш не слушал за покраината Идлиб на која и се закануваат сириските и руски сили, се додека пред еден месец за тоа не му кажала жена на политички собир на негови приврзаници.
Романскиот министер за образование Валентин Попа денеска поднесе оставка по разговорот во парламентот со лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (СДП) Ливиу Драгња.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска пристигна во Берлин, со што почна неговата тридневна посета на Германија.
На Филипините минатиот месец се убиени 444 осомничени луѓе во рамки на акции за сузбивање шверц на наркотици, објавија денеска филипинските власти.