Американските разузнавачи проценуваат дека Северна Кореја подготвуваат еден до два нови балистички проектили кои би можеле да стигнат до западниот брег на САД.
Бројот на новинари, кои работат во американските весници е намален за 45 проценти од 2008 година и нема индикации дека ќе забави таквиот тренд, покажуваат резултатите од најновото истражување на Институтот Пју.
Генерали на армиите на Северна и Јужна Кореја се сретнаа денеска во граничното село Панмунџон да преговараат за намалување на тензиите меѓу двете држави.
Големата група туристи беше заглавена од завчера, кога силен земјотрес уби 16 лица и предизвика лизгање на земјиштето, кое го уништи главниот пат до вулканот.
Сириската армија денеска избила на Голанската Висорамнина, стратегиски важното подрачје на границата меѓу Сирија и Израел. Оваа територија изминатите седум години беше во рацете на исламистички групи, но по шестнеделна офанзива, Сиријците ги потиснале од Висорамнината.
Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека Вашингтон нема да ги укине санкциите кон Русија.
Според извештаи на Обединетите нации, секоја година во океаните завршуваат околу осум милиони тони пластика, што има огромно штетно влијание врз морскиот свет. Во документарец на Би-би-си авторите го илустрира тоа вадејќи цевче за пијачки од муцката на морска желка.
Рестораните за брза храна „Мекдоналдс“ по повод 50-годишнината од нивниот најпопуларен производ „биг мек“ воведоа посебна валута „мек парички“.
Францускиот парламент денеска ја усвои одлуката за забрана на мобилни телефони во основните и некои средни училишта, а таа одлука влегува во сила од почетокот на новата школска година, на 1 септември.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да се сретне со иранските лидери без предуслови, а со цел да разговараат за тоа како да ги подобрат односите откако тој ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор.