Ураганот Метју, кој е најсилниот ураган во последните десет години а кој го погоди Хаити, достигна и брзина од 230 км/ч но иако неговиот интезитет во последните опаѓа на само 140 км/ч, ситуацијата во Хаити сеуште е хаотична.
Како што соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Флорида, бројот на жртви се зголемува секојдневно од час во час, а се поголем број на луѓе се повредени. Над 350.000 луѓе пријавиле штети и побарале помош, додека над 60.000 луѓе се сместени во засолништа.
Покрај штетите предизвикани во Хаити, ураганот Метју остави и над милион домаќинства без струја во Јужна Каролина, Џорџија а властите во Америка предуредија дека ураганот Метју се повеќе се заканува на Флорида каде што веќе однесе пет жртви.