Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и Јонските острови.
СAД оценија дека со континуираните некоординирани одлуки, Косово ги загрозува можностите што Вашингтон помогна да се создадат.
Бугарскиот парламент синоќа усвои измени на својот закон за образование, проширувајќи го својот опсег за забрана на ЛГБТК „пропагандата“ во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски.
Како што потенцираше, Србија ја имала несреќата што најлошите владееле со земјата во 2000 година со стапови, и, како што рече, имаа некаков полулегитимитет, а потоа сето тоа заврши многу лошо за земјата.
Како што соопшти Министерството за одбрана на Србија, Мојсиловиќ и Улуташ разговарале за безбедносната состојба на Косово и заедничката соработка меѓу ВС и КФОР во Белград.
Националниот институт за јавно здравје на Косово (ИКШПК) денеска го потврди првиот случај на вирусот на „западно-нилска треска“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент.
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп за мигрантите кои Италија ќе ги префрли во таа земја, пред се оние луѓе кои имаат мали или никакви шанси за азил. Во тек е изградба на камп во близина на стариот воен аеродром Ѓадер, пишува Дојче веле.
Шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на Косово, Мајкл Девенпорт, го оцени како „итнтност“ враќањето на страните во дијалогот што го олеснува Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина.