Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Томаш Суниог рече дека Унијата од 2008 година во Косово во Косово инвестирала 1,7 милијарди евра, што ја прави ЕУ најголем донатор во таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Топлотниот бран траеше речиси две недели низ Европа, а европските и регионалните, па и домашните метеоролози предвидуваат дека температурите ќе паднат со објаснување зошто толку долго траеше овој топлотен бран, пренесе Кликс.ба (Klix.ba).
Хаџиу рече дека информациите дадени за Хајризи се контрадикторни и дека не се знае со сигурност дали убиениот е Хајризи и каде се случило убиството.
Иселениците, албански, македонски и косовски државјани, кои главно живеат и работат во Италија, а летниот одмор го минуваат во родниот крај, за неколкупати го зголемија протокот на патници и возила во албанското пристаниште Драч.
Ѓедовиќ Хандановиќ оцени дека потпишаниот Меморандум е огромен чекор напред за односите меѓу Србија и ЕУ кога станува збор за критичните суровини, за кои побарувачката расте на глобално ниво.
На Кипар од вчера се и лидерите на СИРИЗА и ПАСОК, Стефанос Каселакис и Никос Андрулакис кои на одделни настани присуствуваат на манифестациите во Никозија.
Центарот за економско образование (ЦЕО) денеска до хрватската Влада и Министерството за одбрана достави петиција со над 5.000 потписи против враќање на задолжителниот воен рок во Хрватска.
Албанското министерство за инфраструктура и енергетика соопшти дека „системот на Меѓународниот аеродром во Тирана не е засегнат од падот на глобалните компјутерски системи, но има доцнење предизвикано од другите аеродроми.
Претседателот на еколошкото друштво „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ денеска, по повод потпишувањето на Меморандумот за критичните суровини меѓу Србија и ЕУ, оцени дека актуелната власт капитулирала и дека нејзините претставници ја „продале Србија“.
Министерството за здравство на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК) денеска ќе прогласи епидемија на морбили на подрачјето на тој кантон во Федерацијата БиХ.