Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, што се однесува до проектот „Јадар“ порача дека Белград нема да направи ништо што не е договорено со ЕУ и Германија како носител на индустрискиот развој и дека следниот чекор во наредните шест месеци е правење патоказ како одржливо да се развие кој било проект кога станува збор за критичните минерални суровини, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓедовиќ Хандановиќ оцени дека потпишаниот Меморандум е огромен чекор напред за односите меѓу Србија и ЕУ кога станува збор за критичните суровини, за кои побарувачката расте на глобално ниво.
-Тука не се работи само за еден проект. Тука всушност се работи за соработка меѓу Србија и ЕУ кога се во прашање критичните минерални суровини. Србија е богата, покрај литиумот и борати, и со молибден, никел и кобалт, исто така и со калцит, имаме значителни резерви на овие минерали и имаме намера да ги развиваме, посочи министерката за енергетика и рударство за РТС.
Следниот чекор, додаде таа, е да се создаде патоказ во следните шест месеци, како одржливо да се развие кој било проект кога станува збор за критичните минерални суровини.
-Што се однесува до самата дозвола за експлоатација, таа ја издава Министерството за рударство и енергетика, но од истражување до дозволите за експлоатација е долг пат. Во конкретниот случај со проектот Јадар, имаме уште многу работа да направиме, ништо што беше потпишано вчера со Европската унија не прејудицира што се однесува до самиот проект, туку го прејудицира фактот дека нема да направиме ништо кога станува збор за минерални суровини, што не е договорено со Европската унија, а во конкретниот случај со Германија како носител на индустријата и индустрискиот развој кога се во прашање електричните возила, истакна Ѓедовиќ Хандановиќ.
Тоа значи, појасни таа, дека за секој проект да добие дозвола за експлоатација, пред се треба да има комплетирана техничка инвестициска документација, но и да ги добие сите согласности од надлежните институции во Србија, кога станува збор за управувањето со водите, заштита на животната средина, спомениците на културата и локалната самоуправа