Избирачката активност на предвремените парламентарни избори во Бугарија до 15 часот (по локално време) е 24,8 отсто.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека одлуката, односно препораката, за „третата доза вакцина“ против коронавирусот ќе биде сооппштена до 1 август, јави дописникот на МИА од Белград.
Гласав за враќање на државноста, гласав за држава со правила и закони. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова откако го искористи своето право на глас на парламентарните избори.
Пожарот што вчера избувна на островот Чиово денеска е локализиран, соопшти хрватската противпожарна служба.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги повика Бугарите масовно да гласаат на денешните парламентарни избори.
Бугарскиот технички министер за внатрешни работи Бојко Рашков нагласи денеска дека Министерството во голем дел го ограничило гласањето со „купен глас“ и дека засега нема неправилности во изборниот процес.
Покрај службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев, на изборите во Бугарија досега гласаа и лидерите на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова и на прозападната партија Демократска Бугарија Христо Иванов кој изјави дека не ее загрижени поради излезноста.
Им честитам на сите на денешниот ден на изборите, што е уште еден датум на кој треба да ја покажеме нашата одговорност за изградбата на политичка власт, изјави службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев откако гласаше на предвремените парламентарни избори во земјата.
Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денеска ќе биде одбележана 26-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година.
Во Бугарија денеска се одржуваат 12-ти парламентарни избори по соборувањето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков есента 1989 година. Ова се трети предвремени парламентарни избори од 2013 година.