Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија Жеозеп Борел потврди дека Западен Балкан ќе добие 651.000 дози од вакцината против Ковид-19 на Фајзер, од кои најмногу дози – 214.000, ќе добие Босна и Херцеговина
Претставници на владата и опозицијата во Србија, кои одбија посредување од Европскиот парламент, ќе се состанат денеска за првпат во меѓупартиски дијалог за изборните услови
Бугарската социјалистичка партија повторно поднесе барање до Националното собрание земјата да купи руски вакцини против Ковид-19.
Во своето прво обраќање по поразот на неделните парламентарни избори во Албанија, лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша рече дека изборите на 25 април биле изборен масакр, обвинувајќи го Еди Рама, за употреба на валкани пари за кампањата.
Албанските социјалисти изборната победа ја прославија на плоштадот „Скендебег“ во центарот на Тирана, на која пред присутните се обрати лидерот Еди Рама.
По соопштувањето на изборните резултати од страна на Централната изборна комисија, до лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама пристигнаа и првите честитки.
Бугарската Влада во оставка утре на претходна проценка во Брисел ќе го достави Планот за закрепнување и одржливост, соопшти денеска вицепремиерот во оставка Томислав Дончев, откако беше сослушан од парламентарниот комитет.
Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис телефонски разговараше со албанскиот премиер Еди Рама и му честиташе за победата на изборите, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Централната изборна комисија,(ЦИК), Илирјан Целибаши, ги соопшти резултатите од неделните избори, иако, како што рече, останува за пребројување на гласовите од неколку избирачки места во Тирана и Драч.
Околу 2.000 бугарски војници ќе учествуваат во вежбите на НАТО што ќе се оддржат во мај и јуни, како дел од обуката на воениот персонал од Алијансата и земјите партнери, во рамките на големата вежба „Дефендер Јуроп“ (Бранител Европа), чии различни фази ќе се оддржуваат во регионот на Црното Море, Балканот и Естонија, а на кои ќе учествуваат речиси 28 илјади војници, јави дописникот на МИА од Софија.