Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ со писмена реакција за најавеното повлекување на Турција од Истанбулската конвенција на Советот на Европа, што според неа е „поразителна вест“
Во Србија пријавени се вкупно 626 случаи на несакани реакции по вакцинацијата против коронавирус и нема пријавено случаи на емболични или тромболитички нарушувања по приемот на вакцината на АстраЗенека
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да се повлече од меѓународниот договор за заштита на жените, и покрај повиците на активистите кои сметаат дека документот е клучен инструмент во борбата против растечкото семејно насилство
Европската унија реагираше на објавата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм со фотографија на која ја покри мапата на Косово со знамето на Србија и го нарече Косово „српски крст“, јави Радио Слободна Европа
Албанскиот претседател Илир Мета преку објава на Фејсбук оценува дека економската состојба во земјата е најлоша од 1991 година, но државната администрација не застанува со фиктивно вработување, во пресрет на изборите на 25 април.
Олабавувањето на мерките доаѓа по препорака од надлежната комисија на епидемиолози, а го соопштија заменик-министерот под премиерот надлежен за координација на работата на Владата Акис Скерцос и заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.
Доколку парламентарните избори се одржат неделава најголем процент од албанските гласачи поддршката би ја дале за владеачката Социјалистичка партија (ПС), покажува анкетата на Компанијата за маркетинг и истражување на јавното мислење (ИПСОС), една од водечките компании за анкетирање во светот.
Руската Амбасада во Бугарија бара да престанат шпекулациите за вмешаност на Русија во случајот со приведувањето на шест лица заради шпионажа.
Несомнено најважната вест е нашето прифаќање на поканата што ми ја упати мојот турски колега за да се сретнам со него во Анкара.
На целата територија на Албанија без никаков проблем продолжува имунизацијата против Ковид-19 на просветните работници, со вакцината на „АстраЗенека“, потврди министерката за здравство Огерта Манастирлиу