РТС поднесе кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокадата, кои од 14 април блокираат објекти на медиумот во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Стотици членови на академската заедница, студенти и граѓани околу 9 часот се собраа пред Управата на полицијата за да му дадат поддршка на ректорот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.
Со посебна одлука на Владата на Србија, на одреден број руски државјани им е доделено српско државјанство надвор од стандардните процедури - со посебна одлука на Владата, објави белградскиот истражувачки портал КРИК.
Бугарската влада на чело со Росен Жељазков го помина денешното гласање за доверба, иницирано поради, како што тврди опозицијата, неуспех во борбата против распространетата корупција, пренесува БТА.
Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на настанот „Зајакнување на вештачката интелигенција во дигиталните јавни услуги во Албанија“, ги коментираше и кибер нападите од Иран.
Север посочува дека оваа празнична шопинг кошничка е недостижна за повеќето граѓани и додава дека за оние со помали примања дури 40 отсто од приходите одат за храна.
-Јас сум човекот кој имал најголем број закани досега во БиХ, и од луѓе од внатре во БиХ и од надвор кои, мотивирани од политичкиот ислам, ми се закануваа мене и на моето семејство, рече Додик за време на гостувањето во емисијата Телеринг на РТРС.
Ви се обраќаме како надлежна институција која согласно Законот за електронски медиуми е должна да објави јавен повик за номинации за членови на Советот на РЕМ, најрано шест месеци, а најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на членот на советот“, се посочува во писмото до таа комисија.