Припадници на полицијата на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упаднаа денеска во домот на досегашниот претседател на државата Хашим Тачи во местото Чаглавица во близина на косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина.
На хрвтскиот пазар на труд од следната година би требало да има две значајни промени: намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави односно земји што не се членки на Европската Унија.
Критики до грчката Влада за начинот на кој се справува со вториот бран од пандемијата со Ковид-19, упати лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас на денешната прес конференција во пресрет на тринеделниот карантин што почнува утре, и му порача на грчкиот премиер, ако не може сам да се справи, да свика лидерска средба
Продолжуваат реакците во Албанија по подигањето обвиненија и апсењето од Специјалниот суд во Хаг за поранешните водачи на ОВК,чиј заеднички именител е дека обвинувањата се неосновани
Неколку лекарски здруженија на Словенија побараа сите расположливи медицински работници да се вклучат во здравствениот систем и да се ангажираат во борбатапротивепидемијата со Ковид-19, бидејќи се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, а не се доволни медицински работници
За да се ублажат рестриктивните мерки, треба да стигнеме на ниво да можеме да живееме со вирусот, без голем притисок врз здравствениот систем, односно на нивото на септември кога имавме 200,300,400 дневни случаи, објасни портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во интервјуто за телевизијата „Антена“ во однос на тоа дали карантинот во Грција ќе заврши на крајот на ноември или ќе се продолжи
Специјалното обвинителство во Хаг денеска соопшти дека во тек се операции на Специјалното обвинителство на Косово кои се одвиваат со поддршка на косовската полиција и мисијата на Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС).
Припадници на ЕУЛЕКС ги претресуваат куќите на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, шефот на пратеничката група „Самоопределување“ во Собранието, Реџеп Селими и станот на лидерот на ДПК, Кадри Весели, јави Танјуг повикувајќи се на приштински медиуми.
Судот за злосторства на ОВК во Хаг синоќа ги повика жртвите на кривичните дела споменати во обвиненијата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи да се јават и да учествуваат во судската постапка
Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека во средата и вчера се уапсени Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг.