Набљудувачите на ОДИХР негативно го оценија гласањето во седум проценти од набљудуваните избирачки места поради честото нарушување на тајноста на гласањето, како и поради организацијата на самите избирачки места.
Најтиражниот германски весник „БИЛД“ објавува уште еден бомбастичен текст за владата на Еди Рама. Овој пат на насловната страница весникот објавува текст со наслов: „Албанија, нарко-држава пред нашата врата“, објави Ора њуз.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони оваа недела треба да допатува во Албанија во посета со фокус на миграцијата, само неколку дена пред изборите за Европскиот парламент, објавија албанските медиуми.
Ѓилас за Н1 изјави дека е „неодговорно“ да се тврди дека во сегашните изборни услови е можна победа на опозицијата во Белград.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска престојува во Сараево, каде заедно со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто копретседава со третиот Политички форум на високо ниво ЕУ-БиХ.
Во Албанија денеска 18 илјади завршени средношколци го полагаа првиот екстерен испит од матурата, но кусо по почетокот, на социјалните мрежи почнал на циркулира тестот со одговори.
Четирите опозициски листи кои го поминаа цензусот - листата предводена од д-р Драган Милиќ, листите Го бираме Ниш,Крени-Промени и Обединети-нада за Ниш, заедно освоија 30 мандати.
На почетокот на мај годинава судот во градот Ламиа донесе одлука Михалољакос да биде ослободен, откако издржа три петтини од казната, иако обвинителот имал спротивно мислење и предложил да остане во затвор.
Резултатите од анкетата покажуваат дека рејтингот на Нова демократија е меѓу 30, 4 и 36,2 отсто, СИРИЗА би добила од 14,1 до 18,7 проценти, а ПАСОК од 10,1 до 14,1 отсто, додека пак еден од десет анкетирани рекле дека сè уште не одлучиле за кого ќе гласаат.
Вучиќ во обраќање од изборниот штаб на СНС, по гласањето на локалните избори, изјави дека во Белград нивната изборна листа од вкупно 110 ќе има 63 мандати.