Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, денеска во Брисел изјави дека прашањето за отворање на главниот мост на Ибар во Митровица е дел од дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ со цел „да се спречи нова криза“.
Паралелно, повикувајќи се на свои извори, „Катимерини“ пишува дека грчката Влада размислува воведување едно гласачко ливче на парламентарните избори, а не како досега секоја партија да има посебно, со што „ќе се заштедат огромни количини хартија и пари“.
Анкетата за определеност на гласачите што ја спроведе Ипсос покажува дека очекуваната излезеност ќе биде 49,6 отсто, односно се очекува да биде во интервал од 47,2 посто до 52 проценти во однос на бројот на запишани гласачи.
Косовскиот премиер Албин Курти му порача на Специјалното обвинителство на Косово дека треба да биде поефикасно во гонењето на воените злосторници, критикувајќи дека судењето во отсуство е можно веќе пет години, но според него без резултати, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претходно, по лажна пријава, евакуирани беа вработени во 11 судски институции во Палатата на правдата во Крагуевац.
Коалицијата за слобода на медиумите денеска ги повика граѓаните на Србија на собир пред Филозофскиот факултет во знак на поддршка на новинарот на неделникот „Радар“ Вук Цвијиќ.
Во однос на распоредот на силите, Нова демократија е прва со 29,5 проценти, СИРИЗА има двојно помал рејтинг и добива 14,4 отсто, ПАСОК е трета со 11,7 проценти, десничарско националната Грчко решение е четврта политичка сила со 7,5 отсто, а Комунистичката партија добива 7,3 проценти.
Вработените во Палатата на правдата во Крагуевац се евакуирани денеска околу 8 часот, по анонимна дојава дека во зградата била поставена бомба.
Предизборниот молк пред локалните избори во Србија почна на полноќ и ќе трае до затворањето на гласачките места на 2 јуни во 20 часот.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Српска има право на одлука за мирно разединување, бидејќи во државната заедница на Босна и Херцеговина ја внесе својата територија, надлежност и самостојност.