Специјален образец со лични податоци, траење и адреса на престојот во Грција, ќе треба задолжително да имаат пополнето најмалку 48 часа пред пристигнувањето, сите оние кои од 1 јули планираат да патуваат во Грција, без разлика дали со авион, со брод или преку копнените граници, а ќе добијат единствен баркод (QR) според кој ќе се вршат и тестирањата за Ковид-19
Претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ е хоспитализирана откако е потврдено дека е позитивна на Ковид-19. Таа има воспаление на белите дробови, но според српски медиуми добро се чувствува
Во 13-те грчки периферии одредени се вкупно 62 хотели кои во текот на летната сезона ќе бидат пренаменети и ќе работат исклучиво како хотели-карантин во кои би се сместувале евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи кои одморот ќе го поминат во Грција
Речиси 25 килограми висококвалитетен кокаин се пронајдени во автомобил на 49-годишен италијански државјанин при контрола на полицијата и хрватската царина на Јадранскиот автопат кај Бачина, соопшти денеска полицијата
Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека на средбите што во четвртокот ги имаше во Брисел нагласил оти дијалогот нема алтернатива во изнаоѓањето решение за споровите со Србија и дека затворањето на тој процес е во интерес на Косово
Епископскиот совет на Српската православна црква соопшти денеска дека ќе ги почитува новите мерки на црногорското Министерство за здравство, кои се однесуваат на забраната за верски собири, иако, како што наведува, тие се „очигледно селективни и дискриминаторски“
Одборот на извршни директори на Светска банка одобри два проекта во вредност од 500 милиони американски долари за Хрватска за итна поддршка во ублажување на ефектите од пандемијата на коронавирусот и земјотресот во Загреб
Словенија е првата држава во Европската унија која прогласи победа врз коронавирусот и крај на епидемијата
Оние кои работат со бегалци и мигранти во Босна и Херцеговина, во близина на хрватската граница се навикнати на шокантни сцени. Луѓето честопати се принудени да се вратат преку граница, тепани, без облека, документите им се запалени или нападнати од кучиња
Словенечкиот претседател, Борут Пахор ја одложи средбата на Процесот Брдо-Бриони, што требаше да се одржи в понеделник, 29 јуни, во Крањ, поради епидемиолошката состојба.