Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави моменти од средбата во Милано со албанската дијаспора во Италија, повторувајќи го кажаниот став на средбата, дека „Албанците во Италија се главните и најзаслужните обединувачи на двата брега на Јадранот“.
Во Србија финишира изборната кампања за претстојните избори за Собранието на Град Белград, 14 други градови и за 74 локални самоуправи што ќе се одржат во недела на 2 јуни.
Собранието на Република Косово денеска доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, на сесијата на ПС што од вчера се одржува во Софија.
Ѓорѓе Мијатовиќ (37), брат на вицепремиерот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина и министер за развој и претприемништво Војин Мијатовиќ, убиен е вчера во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
За пожари на брдо во атинска населба, уапсен бил турски државјанин, кој го признал делото, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина.
Сите патишта доцна синоќа водеа кон плоштадот „Омонија“, каде што илјадници поддржувачи на атинскиот тим славеа до раните утрински часови.
Кфор денеска ги демантираше тврдењата од неодамнешниот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) дека учествувала во наводните преговори за повлекување на група „српски борци“ по настаните во селото Бањска минатата година.
Албанскиот премиер Еди Рама, со денешната средба во Милано, ги продолжува зацртаните активности со албанската дијаспора, што ги започна од Атина, Грција.
- Оваа резолуција не е правно обврзувачка, единствената придобивка за оние што ја предложија е што 11 јули ќе биде на агендата и обележана од ОН, изјави Дачиќ.
Заменик-претседателот на Собранието од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, Хоџај, преку напис на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, порача дека на Шпанија и на другите европски земји не им им служи на чест „да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово“.