Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека земјата останува на европскиот пат, но дека „нема да оди против сојузниците и оние кои и помогнаа за време на пандемијата“
Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа најави дека гласањето во Собранието на Косово за составот на новата влада што ќе го предложи кандидатот за премиер од неговата партија, Авдулах Хоти, може да се одржи утре или в понеделник, на 1 јуни
Кипар е единствената земја во Европската унија што изврши тестирање за Ковид-19 на 12 отсто од населението, изјави министерот за здравство на Кипар, Константинос Јоану пред парламентарната комисија за здравство, пренесоа кипарските медиуми
Економијата за четири од десет Грци е најважниот проблем за земјата, пред епидемијата; 84 отсто од граѓаните се против предвремени парламентарни избори
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово ги повика сите партии да ја почитуваат синоќешната одлука на Уставниот суд, со која му се даде право на претседателот на државата Хашим Тачи да му го додели мандатот на кандидатот за премиер на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на последните парламентарни избори
Шефот на пратеничката група на Демократскит сојуз на Косово (ЛДК) Арбен Гаши изјави дека одлуката на Уставниот суд со која се прогласи за уставен указот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за премиер на кандидатот на ЛДК Авдулах Хоти, е исправна и очекувана
Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави синоќешната одлука на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото да го додели премиерскиот мандат на друга партија, доколку партијата што победила на изборите не може да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство за да формира влада
Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Северна Македонја и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС
Претседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, директорот на управата за Цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственикот на фирмата „Сребрена малина“ Фикрет Хоџиќ синоќа се приведени на испитување во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамките на истрагата за аферата респиратори
Уставниот суд на Косово синоќа донесе одлука со која му го призна правото на претседателот на државата Хашим Тачи да го додели мандатот за формирање нова влада на второрангираната партија на парламентарните избори, откако на владата предводена од лидерот на партијата победничка на изборите, Движењето самоопределување (ВВ), Собранието ѝ изгласа недоверба