Поранешните Титови пионери, како и сите почитувачи на ликот и делото на доживотниот југословенски претседател и маршал, продолжуваат да го слават Денот на младоста со собирање во Куќата на цвеќето.
Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ смета дека на внатрешен план, со оглед на тоа што на 2 јуни ќе се одржат избори во Србија, на Вучиќ му одговора изгубеното гласање во ОН и гневот што го предизвика против Германија.
Мал спортски авион попладнево се урна кај Загреб, при што едно лице загина, а тројца ја преживеале несреќата, јави хрватскиот портал „24 сата“.
Косовската агенција за статистика исто така го оцени годинешниот попис, „и покрај предизвиците и сложеноста што ги имаше“, како успешен.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Чачак изјави дека ниту еден српски претседател во иднина „нема да го повтори она што тој го кажал во Њујорк“, на заседанието на Генералното собрание на ОН каде се гласаше за резолуцијата за геноцид во Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград.
Косово стана најголемиот „снабдувач“ на Албанија со огнено оружје, што го потврдува полициската статистика, според која само во првите четири месеци од годинава се запленети 125 парчиња огнено оружје, од кои 75 се пиштоли, како и поголема количина муниција, јави Ора њуз.
Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши најави дека по три недели на саемот Eurosatory во Париз, ќе го претстави првото оклопно воено возило.
Српската министерка за семејство, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски денеска изјави дека нејзината иницијатива за воведување училишни униформи во основните училишта не е обид некому нешто да се наметне.
За време на состанокот со претставниците на НАТО во Брисел, министерот за одбрана во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, повика на создавање база на НАТО во земјата, јавија сараевски медиуми. Според него, на Русија „не смее да и се дозволи да навлезе во срцето на Европа преку Западен Балкан“.
Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала,синоќа изјави дека косовската влада нема да го спроведе нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство предложен од Европската унија доколку Србија не ги исполни обврските што произлегуваат од Бриселскиот договор.