Наследството на војната е потценето и на Европа и недостасува политичка амбиција за земјите од Западен Балкан, оценува поранешниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Пјер Мирел, во опширното интервју за веб-страницата Европски Западен Балкан
Њујоршкиот сајт Вокс објави текст во кој Словенија се вбројува во неколкуте држави кои најуспешно се справиле со епидемијата на новиот коронавирус, пренесе словенечката новинска агенција СТА
Во текот на вчерашниот ден, грчката полиција при контролите за почитување на мерките за задолжително носење маска и одржување растојание казнила 66 лица, а во изминатите два дена била изречена 91 казна во висина од 150 евра
Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се согласија дека дури и во услови на пандемија на новиот коронавирус, се покажало дека Европска Унија и Западен Балкан се упатени едни на други, соопштија од прес-службата на претседателот на Србија
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека се создадени сите услови за укинување на вонредната состојба воведена во Србија поради пандемијата на новиот коронавирус и порача дека таа не треба да трае „ ниту еден ден подолго од потребното“
Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабока загриженост за извештајот на Фридом Хаус, каде се наведува дека Албанија бележи пад на демократијата во текот на изминатата година, поконкретно за демократско управување и изборните процеси
Косовскиот претседател Хашим Тачи разговараше денеска по телефон со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, во пресрет на Загребскиот самит меѓу членките на Европската унија и земјите од Западен Балкан, што попладнево ќе се одржи преку видео-конференциска врска
Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак, говорејќи за укинување на дел од рестриктивните мерки воведени поради новиот коронавиру, истакна кажа дека ова лето граѓаните ќе можат да одат на море и да седат во кафулиња и во ресторани во кои нема да има бариери од плексиглас
На средината мај, грчката Влада ќе го соопшти планот за туристичката сезона, а ако сѐ биде во ред и епидемиолошките податоци се стабилни, на 1 јули со отворање на сезонските хотели, ќе се отвори и туризмот за странци, согласно она што денеска го изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радо „Алфа 989“
Според денешните објавените податоци од Министертвото за здравство и социјална заштита, кај 12 лица е потврдено присуството на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени во Албанија се зголеми на 832 луѓе