Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата изнесува 2.506 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Србија досега има евидентирано 7.779 заразени лица со новиот коронавирус, од кои 151 починат и 1.152 излекувани граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
За спречување на ширењето дезинформации и лажни вести и за правилно информирање на граѓаните за Ковид-19, особено во фазата на постепено враќање во нормала, грчката Влада донесе одлука да одвои дополнителни девет милиони евра за медиумските кампањи
Парламентарните избори во Србија, најверојатно, ќе се одржат помеѓу 5 и 19 јули, објави белградскиот весник Блиц, повикувајќи се на неофицијални извори
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од аеродромот „Никола Тесла“ испрати четири од предвидени осум авиони со помош за Италија
Во Албанија, во последното деноноќие регистрирани се нови 34 случаи на Ковид-19 што е двојно повеќе споредено со вчера
Во лабораториите во Словенија се потврдени 15 нови случаеви на лица заразени со коронавирусот
Генералното собрание на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со големо мнозинство ја поддржа кандидатурата на партискиот потпретседател Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово
На директорката на Институтот за јавно здравје, Албана Фицо донацијата и ја предаде амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 34 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот вирус во Косово се искачи на 703