Во лабораториите во Словенија се потврдени 15 нови случаеви на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вчера лекарите направија вкупно 1.161 тестирања, а од почетокот на епидемијата за присуство на коронавирусот се проверени речиси 50.000 граѓани.

Намалување има во бројот на хоспитализирани, па така во овој момент болнички поради Ковид-19 се лекуваат 77 лица, а 23 пациенти поради потешка форма на болеста се наоѓаат на одделите за интензивна нега.

Изминатото деноноќие четири пациенти се отпуштени од болница, а еден човек почина како последица од Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2020 14:35