Во пресрет на утре закажаната седница на српскиот Парламент, на која треба да биде потврдена одлуката за воведување на вонредна состојба и мерките во борбата против коронавирусот, пратениците на партиите и движења на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) порачаа дека нема да присуствуваат на собраниската седница, бидејќи со тоа би го поддржале кршењето на Уставот
Во Албанија во последнито деноноќие регистрирани се десет новозаразени лица со Ковид-19, што е за четири помалку споредено со вчера и дури 20 случаи во однос на податоците од пред два дена
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите најави дека утре попладне грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ги соопшти „филозофијата и последователните фази од планот за префрлање во нова нормала“
Словенија планира да испрати во Италија лекарски тим, кој ќе се вклучи во борбата против новиот коронавирус
Директорот за албанската Националната ургентна служба, Скендер Братај, тврди дека во Албанија, бројот на заразени со Ковид-19 е неколкупати повисока од официјалниот број
Според пресекот на епидемиолошката состојба, утрово во Црна Гора нема нови случаи на заболени од новиот коронавирус
Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата се регистрирани само шест нови случаи на новозаразни со Ковид-19
И покрај тоа што беше најавено дека веќе на 4 мај ќе биде донесена одлука за повторно отворање на повеќе помали бизниси и ќе се укинат некои ограничувања за движењето на граѓаните, словенечката Влада реши уште малку да се почека со олабавувањето на мерките
Целосно изгореа дел од шаторите во околината на прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос во пожарите што од непознати причини избувнаа синоќа и во текот на ноќта, објавија локалните медиуми
Речиси половина од Грците односно 47 отсто планираат летово да одат на одмор, а девет од десет анкетирани ја одбирале Грција за нивна дестинација, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од работилницата за маркетинг „МАРЛАБ“ на солунскиот Универзитет „Македонија“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА