Во такси возилата и автомобилите освен возачот, дозволено е да се превезува само уште едно лице, додека пак автобусите не смеат да пренесуваат патници повеќе од 50 отсто од предвидениот број на седишта.
Пратениците во албанскиот законодавен дом ќе добиваат по половина плата во период од три месеци.
Здравствениот дом во Копер е првиот што воведува таканаречено мобилно тестирање на луѓето за коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Јавниот сервис на Црна Гора, во ситуација на епидемија на коронавирус, заклучно вчера ги отпушти сите вработени кои имале статус на хонорарни соработници, објави подгоричкиот весник „Вијести“.
Пратениците во словенечкото Собрание денеска ја започнуваат расправата за таканаречениот „Мега корона закон” вреден три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Голем број нелегални мигранти, затекнати во Босна и Херцеговина, се со одредена мерка за задолжителна изолација поради можна зараза со новиот коронавирус, објавија локалните медиуми денеска.
Наместо традиционалното печење јагне на ражен, портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас ги повика граѓаните, оваа година, за Велигден да останат дома и да „го испечат на ражен коронавирусот“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатите 24 часа во Србија од тестирани 637 лица потврдени се уште 111 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1171 лице, соопштено е на сајтот Ковид19.рс на министерството за здравство.
Пливањето, подводниот риболови, како и морските рекреативни средства се забранети во Грција и не спаѓаат во исклучоците од мерките за ограничување на движењето во земјата, појаснуваат од Министерството за поморство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.