Здравствениот дом во Копер е првиот што воведува таканаречено мобилно тестирање на луѓето за коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според лекарите, главната предност на ваквото тестирање е што за три пати се намалува времето на траење на процедурата за тестирање за коронавирусот.

Со новиот систем, пациентот прво телефонски се јавува, а по разговорот докторот одлучува дали е потребно тестирање. Ако треба пациентот добива точен час кога треба да дојде во една од влезните точки наменети за тестирање. Внатре е се подготвено, се зема примерок за анализа, а пациентот веднаш ја напушта точката. Со ваквата процедура чекањето за тестирање се намалил од 30 на само десет минути, информираат од Здравствениот дом Копер.

Словенија е една од државите во Европа со најголем број тестови по глава на жител.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2020 17:33