Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша и честита на Македонија за членството во НАТО
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека од извршените испитувања во текот на минатиот ден, двајца испитаници резултираа позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот коронвирус во земјата достигна до 88
Во Инфективната клиника во Тирана синоќа почина 52-годишна пациентка заразена од Ковид-19,со што бројот на починатите од овој новиот коронавирус во Албанија се зголеми на девет лица
Како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот Вучиќ најави дека нема да носи тешки мерки и да затвора градови, поради потреба од полицијата и војската за масовното тестирање и чувањето на објектите и граѓаните.
Министерството за образовани на Словенија донесе одлука градинките и училиштата, кои не работат поради епидемијата на коронавирусот да останат затворени и по 17 април.
Бројот на жртвите од Ковид- 19 во Грција во изминатите 24 часа се зголеми на 28, откако уште две лица починаа, додека во земјата се регистрирани нови 74 позитивни случаи, односно вкупно 966 граѓани се заразени со коронавирусот, според последните официјални податоци од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Вршителот на должноста министер за финансии на Косово Бесник Бислими ѝ предложи на владата пакет итни фискални мерки, за поддршка на претпријатијата кои трпат штети од епидемијата на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
Високи концентрации на ПМ честички, кои значително ги надминуваат граничните вредности за загадување, во последните 30 часа се регистрирани на повеќето мерни места во Србија, каде има автоматски станици за испитување на загадувањето на воздухот, соопшти српското Министерство за заштита на животната средина.
Загреб попладнево беше најзагаден град според параметрите на швајцарската станица IQ Air, која го споредува квалитетот на воздухот.
Албанската Влада во актуелната сосотојба со коронавирсот ја менува повторно шемата на движење на целата територија на земјата.