Во Солун студентите се собраа пред Белата кула и во пошироката околина ги поставија шаторите, додека пак во Атина, протестот што започна синоќа по 20 часот, а траеше до рано утрово, беше пред централната зграда на атинскиот универзитет.
- Посетата на патријархот Профириј беше најавена согласно релевантните договори од дијалогот и требало да му биде дозволен влез, рече Стано.
Тој потенцира дека прашањето дали во Сребреница имало геноцид или не е работа на мислење, туку станува збор за одлука на меѓународни законодавни тела за поранешна Југославија.
Комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, во Белград, по средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ, најави дека денешните клучни одлуки „ќе ги обликуваат следните пет години“.
На тема „Соработка за безбедност и миграциски текови низ Западен Балкан“ денеска во Тирана се одржува конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, со присуство и на претставници на меѓународни организации.
Министерот за локална самоуправа на Косово, Елберт Красниќи, смета дека од зачленувањето на Косово во Советот на Европа посебна корист ќе имаат немнозинските заедници во државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека бројот на мигранти во Србија е намален за 73 отсто во однос на лани, а дека намалувањето на бројот на мигранти датира од минатата есен.
Деновиве е актуелизирана иницијатива за распуштање на Собранието. Несомнено е дека зад оваа иницијатива стои премиерот. Изгледа земјата му се лизга под нозете и тој очајно бара да се спаси.
Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) в четврток, 16 мај, ја прекинува работата во сите училишта поради загрозена безбедност при работа.
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа изрази уверување дека може да се постигне привремено одржливо решение за прашањето за употребата на динарот на Косово, со „флексибилност и компромис за двете страни“.