Одлуката предвреме да се вратат дома словенечките војници кои беа на мисија во Ирак не наштети на угледот на државата. Ова го изјави претседателот Борут Пахор, по бројните критики во јавноста и политичарите дека Словенија го изгубила меѓународниот углед со ваквото решение.
Српската премиерка Ана Банабиќ, по повод зголеменото ниво на загадување на воздухот во Србија изјави дека нема простор или причина за паника, затоа што тоа не е нешто што е нов феномен, бидејќи со години се повторува како резултат на временските услови.
Советот на Агенцијата за електронски медиуми (САЕМ) на Црна Гора соопшти дека ќе бара од српскиот регулатор да ја утврди одговорноста на телевизиите Хепи, Пинк М и РТС за кршење на стандардите и најави можност да ги укине емитувањата на тие програми на територијата на Црна Гора.
По првпат, Грција е на пат да добие жена претседател, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за таа функција ја предложи претседателката на Советот на државата Екатерини Сакеларопулу.
Албанија прогласи за непожелни двајца ирански дипломати, потврди овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај.
Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) денеска го извести Движењето Самоопределување (ВВ), кое како партија победничка на октомвриските парламентарни избори треба да ја формира новата косовска влада, за условите под кои ќе прифати да биде дел од идниот кабинет на лидерот на ВВ Албин Курти.
Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓиласас, изјави денеска дека Сојузот за Србија (СзС), опозициска коалиција чиј претседавач е тој, нема да излезе на претстојните избори.
Преку амандман доставен во Парламентот од алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис, полесен ќе биде процесот за добивање бизнис виза за државјани на трети земји кои во Грција треба да присуствуваат на конференции, саеми, средби или настани од бизнис карактер
Најновите податоци на сајтот Ер Вижуал, кои го прикажуваат загадувањето во светот, покажуваат дека индексот на загадување на воздухот е многу висок во Ваљево и Косјериќ, каде квалитетот на воздухот е во категоријата „многу нездрав“ или „нездрав“
Поранешните високи функционери на опозициската Демократска партија(ПД), Јозефина Топали и Астрит Патози, сметаат дека постигнатиот договор помеѓу власта и опозицијата за изборните реформи не е плод на подготвеноста од двете страни за излез од актуелната политичка криза