Во Брисел денеска почна трилатерална средба на делегациите на Белград, Европската Унија и Приштина.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска му се заблагодари на Европскиот парламент за вчерашната одлука за усвојување на Регулативата за создавање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.
Грчката фрегата „Идра“ што е дел од операцијата „Аспидес“ (Штитови) на поморските сили на Европската унија (ЕУНАВФОР) во Црвеното море, утрово интервенирала против две беспилотни летала, од кои едното го соборила, јави дописничката на МИА од Атина.
Судот на Босна и Херцеговина одреди притвор само за тројца од 23-те лица кои беа уапсени во таа земја на почетокот на неделата под сомнение дека се соработници на еден од најголемите картели кои шверцувале дрога од Латинска Америка во Европа.
Тој на платформата Икс објави дека САД ја поддржуваат европската интеграција на Косово и дека со Курти разговарал за чекорите што треба да ги преземе официјална Приштина.
Малата радикално десничарска партија Спартанци, која на ланските избори за првпат влезе во Грчкиот Парламент, а сите нејзини пратеници кривично се гонат за измама на гласачи, не доби зелено светло од Врховниот суд на Грција за учество на евроизборите, јави дописничката на МИА од Атина.
- Колку повеќе земјата се обврзува на реформите, усогласувањето со Европската унија и целите за пристапување, толку повеќе пари ќе добие, рече Билчик, пренесоа белградските медиуми.
Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, изјави дека политиката што ја води претседателот на Република Српска Милорад Додик е контрапродуктивна не само за Босна и Херцеговина, туку и за целиот регион.
Тој посочи дека НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повика страните да се воздржат од, како што наведе, дестабилизирачка реторика и акции.