Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О'Брајан денеска, во разговор со премиерот на Косово Албин Курти, изјави дека спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград а Приштина е неопходна, вклучително и итен напредок во формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Тој на платформата Икс објави дека САД ја поддржуваат европската интеграција на Косово и дека со Курти разговарал за чекорите што треба да ги преземе официјална Приштина.

„За да продолжиме напред, ни треба имплементација на обврските од дијалогот поддржан од ЕУ, вклучително и итен напредок за Заедницата на општините со мнозинско српско население“, напиша О'Брајан.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 05:55