Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре во Стразбур ќе се сретне со новиот бугарски премиер Росен Жељазков, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.
На прашањето дали Тасулас ќе одговори соодветно на должностите на претседател, 27 отсто одговараат позитивно, 14 проценти рекле „веројатно да“, 19 отсто дале негативен одговор, а 15 проценти рекле „веројатно не“.
Лидерите на земјите од Западен Балкан му честитаа на Доналд Трамп откако денеска положи заклетва и стана 47-ми претседател на САД, јави Анадолија.
Честитки до новиот американски претседател Доналд Трамп по неговата инаугурација, упати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс и ја изрази посветеноста на Грција на стратешкото партнерство со САД, јави дописничката на МИА од Атина.
- Му честитам на Трамп за неговата инаугурација како претседател на Соединетите држави и му посакувам многу успех, објави Пленковиќ на X.
Хрватската Влада упати барање за исплата на 20 декември, но по барањето за одложување средствата ќе бидат исплатени во март.
Првиот собир на движењето, чие формирање претходно го најави српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе се одржи в петок, 24 јануари во Јагодина, јави српската агенција БЕТА.
Припадниците на полицијата денеска спречија хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на Претседателството на Србија во Белград.
Директорот на Гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ во Нови Сад, Радивоје Стојковиќ денеска одржа час на само тројца ученици, додека останатите стоеја пред училниците и извикуваа „Учениците не клечат!“.
Генералниот инспектор на црногорската Агенција за национална безбедност Артан Курти поднесе неотповиклива оставка од функцијата на која неодамна беше вратен со судска одлука.