Учесниците на состанокот организиран во Љубљана од Институтот на пријатели на Западен Балкан се залагаат за проширување на ЕУ во земјите од регионот, но и укажаа на предизвиците со кои се соочува.
Тој додаде дека поминале 11 години во „брутални лаги, по што се поставува прашањето каква доверба можеме да имаме и да изградиме“.
Во Ниш, в недела ќе биде уништена голема бомба останата од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, пронајдена пред четири дена на градилиште при доградбата на Научниот технолошки парк.
Формирањето влада во Хрватска ќе биде тешко, а не се исклучува можноста за нови избори. Тоа е оценката на повеќето медиуми кои на германски јазик известуваат за Хрватска по изборите, пренесува Дојче веле.
Според Стано, формирањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово е едно од клучните и најитните прашања.
Заменик генералниот директор на косовската полиција Дејан Јанковиќ се врати во Косово, соопшти косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала, јавуваат приштинските медиуми.
Според извршниот директор на БИРОДИ, Зоран Гавриловиќ, граѓаните на Србија многу малку знаат за функционирањето на судството, институциите на судството и нивните права во судските постапки.
Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми.
Објасни дека иако еден од условите беше исполнет, сепак „не се исполнети некои од основните барање, како што е формирањето на Заедницата на српските општини во Косово и според тоа не е сменета суштинската политика на Грција“.
Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува српскиот весник „Политика“.