Српското движење „Taто, ова е за тебе“ денеска соопшти дека ќе учествува на претстојните избори во Белград и ги повика граѓаните да им се придружат, како што наведоа, во политичката борба и на улица, јави Бета.
По вчерашните парламентарни избори, Хрватска се соочува со тешки преговори за формирање на владејачко мнозинство или со нестабилен период со малцинска влада, ги пренесува Хина денешните оценки на светските агенции.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека петмина косовски полицајци се „држат во заложништво“ од Србија, земја која таа ја опиша како „шовинистичка“, јави Радио слободна Европа.
Мицотакис изрази задоволство што на Самитот ќе се разговара и за ситуацијата во Либан, „која директно влијае и на Кипар, бидејќи има значителни бегалски бранови од Либан кон Кипар“.
Во Брисел денеска ќе продолжат разговорите во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а се очекува повторно главна тема да биде одлуката на Централна банка на Косово да ја забрани употребата на динарот во Косово.
Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите.
На вечерашната прес-конференција, по запирањето на стотици Косовари на граничните премини на Србија со други земји, Гервала рече дека тоа е дел од спроведувањето на заканите од Белград и претставува масовно кршење на човековите права.
Министерството за внатрешни работи на Србија тврди дека се неосновани наводите за задржување на автобуси со косовски регистарски таблички на граничните премини, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои се гласаше до 19 часот
-Постои силна желба низ Балканот да се зајакнат врските со западните економии и да се приклучат кон ЕУ, истакнува Пол Мекарти, директор за Европа во ИРИ.