Во продолжение на акцијата против корупцијата, српската полиција уапси пет лица осомничени за перење пари и организиран криминал, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет.
Бугарските пратеници усвоија декларација со која се изразува ставот на 51-то Народно собрание за неучество на бугарските вооружени сили во воени операции на територијата на Украина. „За“ документот предложен од владејачката партија гласаа 166 пратеници, 27 беа „против“, а 11 воздржани.
Температурите под нула не се невообичаени за конкретниот дел од Грција, а водопадот се наоѓа на надморска височина од 950 метри.
- Оваа борба не е на Милорад Додик, туку реакција на акцијата што ја презеде политичко Сараево, истакна Додик за ТВ Пинк.
Петти петок по ред граѓаните на Хрватска денеска ги бојкотираат маркетите и бензинските пумпи. Организаторот на бојкотот платформата „Ало инспекторе“ упати апел денеска да се бојкотираат и банките и телекомуникациските компании.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека стабилноста во Косово, Босна и Херцеговина и Србија е од суштинско значење за сите, пренесе КосоваПрес.
Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Универзитетот во Атина спроведува систематско истражување на релјефот на Санторини, со цел да се идентификуваат областите со зголемен ризик од лизгање на земјиштето, јави дописничката на МИА од Атина.
Бугарскиот парламент едногласно одобри формирање на привремена комисија за решавање на проблемите со безбедноста на патниот сообраќај. Одлуката беше донесена со 178 гласа „за“.
Во новиот состав на косовскиот парламент, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ што е едно од 10-те загарантирани пратенички места за малцинствата, покрај 10-те загарантирани за српското малцинство.