Полицискиот синдикат на Србија ги повика полицајците да одбијат наредба за употеба на физичка сила врз демонстрантите во Белград, ако добијат таква наредба
Лидерите на Сојузот за Србија, чии приврзаници денеска ги блокираа сите влезови на зградата на Претседателството, побараа заминување на актуелната власт, итно разрешување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот Ана Брнабиќ, претседателот на Собранието, Маја Гојковиќ и одржување слободни избори на сите нивоа
Српскиот перетседател Александар Вучиќ изјави дека државата не толерира насилство и истакна дека ќе одговараат сите кои учествувале во насилствата за време на синоќешниот упад во РТС
Неколку стотина демонстранти го нападнаа кордонот на Жандармеријата, која не дозволува камионот, од кој се слуша обраќањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, да се приближи до зградата на Претседателството
Демонстрантите кои се собрани пред Претседателството на Србија, каде шефот на државата моментно оржува прес-конференција, ја пробија заштитната ограда и дојдоа пред службениот влез на зградата
Пред зградата на Претседателството на Србија, од каде шефот на државата Александар Вучиќ ќе и се обрати на јавноста по повод синоќешниот упад на демонстрантите и лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија во државната телевизија РТС, ситуацијата е мирна
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најави тужба против подгоричкиот весник „Вијести“, кој во вчерашното издание пренел интервју со сопственикот на „Атлас груп“ Душко Кнежевиќ по кого е распишана меѓународна потерница
Специјални полициски сили доцна вечерва ги исфрлија учесниците во протестите „Еден од пет милиони“ кои влегоа во зградата на РТС, влечејќи ги и носејќи ги за нозе и раце
Меѓу нив се и Јелена Анасосовиќ, една од лидерите на граѓанските протести, како и лидерот на опозицискиот Сојуз за Србија Драган Ѓилас, пратеничката Маринка Тепиќ и лидерот на Демократската партија Зоран Лутовац
Дел од демонстрантите кои учествуваа на вечерашниот протест „1 од 5 милиони“ во Белград упаднаа во зградата на државната телевизија РТС