Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ ги отфрли критиките на невладината организација Амнести Интернешанл (АИ) за наводно насилство врз мигрантите од страна на хрватската полиција.
Албанската владеjачка Социјалистичка партија на сноќешната средба со коалциските партии, анализирајќи ја актуелната политичка состојба во земјата, по напуштањето на Парлеменот од страна на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција и протестите оценија дека „опозицијата со напуштањето на храмот на демократијата настојува силно да му наштети на националниот интерес“.
Невладината организација Амнести Интернешанл (АИ) ја обвини Европската Унија дека е соучесник во насилството на хрватската полиција врз мигрантите.
Реонот на босанскиот Херцеговско-неретванскиот Кантон доцна попладнево го зафати невреме проследно со силен ветер.
Српската опозициска коалиција Сојуз за Србија (СзС) денеска побара оставка од носителите на власта во Србија и распишување на слободни и фер избори во рок од шест до девет месеци.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека советниците на германската канцеларка Ангела Меркел, Јан Хекер и Матијас Литенбер во синоќешниот разговор со него недвосмислено посочиле дека бараат од властите во Приштина да ги укине таксите за српските производи, а од Србија очекуваат воздржаност
Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард изјави дека Организацијата го смета за легитимен албанскиот Парламент и по пополнувањето на дел од пратеничките места од кои се откажа опозицијата, со кандидати кои беа подолу на гласачките ливчиња.
За двете најголеми грчки општини, Атина и Солун, во пресрет на локалните избори во мај, грчкиот весник „Етнос“ ги објавува тајните истражувања на јавното мислење нарачани од грчката Влада.
На денот кога пред 16 години пред влезот на Владата е убиен тогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ во Белград власта и опозицијата одвоено полагаат венци и организираат меморијални шетања во негова чест.
Лекарите од Универзитетската клиника во Тирана и Регионалната болница во Скадар, денеска излегоа на протест поради зачестеното насилството врз нивните колеги.