Министрите за финансии на еврозоната го одложија за еден месец исплаќањето на новата транша финансиска помош за Грција поради недоволни реформи.
Во Хрватска денеска дојде до промена на времето, а бура, грмотевици и град го погодија хрватското крајбрежје, додека пониските предели ги зафати и снег.
Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај на денешната средба на Нацоналнот совет за интеграција, поднесе извештај за исполнување на критериумите за почеток на преговорите со ЕУ и ги повика политичките фактори да соработуваат.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги прими денеска советниците за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, Јан Хекер и Матијас Литенберг, кои по оваа средба вечерва ќе отпатуваат за Белград, на средби со српскиот државен врв, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во Србија денеска се одбележуваат 13 години од смртта на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ, но без присуство на државна делагација.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска не ја прифати оставката на министерката за регионален развој и фондови на ЕУ Габриела Жалац, образложувајќи дека тоа што таа со невалидна возачка дозвола со автомобилот удрила во 10-годишно девојче, не е причина за таа да ја напушти Владата.
Разликата меѓу наталитетот и морталитетот, што го одредува природниот прираст на населението, од година во година се намалува во Албанија, што доведува до констатација дека бројот на смртни случаи многу набрзо ќе биде поголем од бројот на новордените.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на денеска на средба со претставници на американската компанија „Скуерд проперти груп ЛЛЦ“ изјави дека Косово има создадено мошне поволна клима за странски инвестиции, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватската министерка за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, денеска, под притисок на јавноста, соопшти дека на премиерот Андреј Пленковиќ му го понудила мандатот на располагање, откако во саботата изутрина, возејќи со истечена возачка дозвола удри девојче и ѝ нанесе тешки повреди.
Албанските опозициски партии во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), на ја прифаќаат понудата на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), заедно да обезбедат 61 глас за да ја урнат Владата на Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.