Граничната област меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина денеска повторно беше погодена од умерен земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.
Споменатиот лек е присутен под друго трговско име и се вика ACC Kids 20mg/ml 100 ml. Кај него не е потврдено присуство на честички. Сепак, компанијата како мерка на претпазливост ја повлекла серијата на лекот, пишуваат српските медиуми.
Мирослав Алексиќ, претставник на коалицијата „Србија против насилството“, изјави дека власта не се согласила сите локални избори да се одржат во ист ден и дека тие сакаат да одат на избори, но власта избрала да оди на избори без опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.
Додик и неговите соработници сега не можат да добиваат плати, како и заеми или кредитни картички, а со затворањето на банкарските сметки, компаниите што САД ги идентификуваа како извор на финансиска моќ за лидерите на босанските Срби.
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Црна Гора, соопшти црногорскиот институт за хидрометеорологија и сеизмологија, цитиран од црногорските медиуми.
За да го дестабилизира регионот Русија се служи со „класичен список на инструменти“ од кои на прво место е дезинформацијата, укажа таа.
По повод 15-годишнината од членството на Албанија во НАТО, премиерот Еди Рама изјави дека неговата земја со гордост придонесува за колективната одбрана и безбедност.
По спроведената детална контрола од Генералниот директорат за пазар и заштита на потрошувачите од Генералниот секретаријат за трговија на Министерството за развој на Грција, биле констатирани сериозни прекршувања на законодавството за потрошувачи.
Формирањето на Заедницата на српски општини е долгогодишна обврска на Косово и таа мора да се спроведе под итно, што беше повеќепати повторено од страна на ЕУ дури и на највисоко ниво, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан в четврток, на 4 април, ќе пристигне во официјална посета на Босна и Херцеговина, беше потврдено денеска за Радио Слободна Европа (РСЕ) во Советот на министри на БиХ.