Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу двата острови, односно од 26 јануари заклучно со 17 февруари, биле регистрирани над 21.500 земјотреси.
Косовското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинение за шпионажа против две лица кои, според пишувањето на медиумите во Приштина, биле соработници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), пренесе Бета.
Србија изминатите години нема вистински напредок на нејзиниот пат кон Европска Унија, изјави денеска известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, пред европратениците од Парламентарната комисија за надворешни работи.
Според Албанското специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), само во текот на 2024 година, почната е истрага против 629 лица. Меѓу нив се поранешни министри, градоначалници, бизнисмени.
За албанските пензионери од први март почнува исплата на пролетен бонус, за што се предвидени 62 милиони евра.
Мицотакис на конференцијата во Солун говореше кусо по неговото учеството на неформалниот состанок свикан од францускиот претседател и се осврна на самата ЕУ и на односите со САД.
Словенец од областа на Марибор останал без 37.000 евра откако станал жртва на измама со криптовалути, соопшти полицијата во Марибор.
Со последните аудио и видео документи објавени во медиумите и во пресрет на одбележувањето на двегодишнината од трагедијата следниот петок, железничката несреќа во која загинаа 57 лица е една од главните теми во Грција во изминатиот период.
„Спасен е Милан Рајковиќ по осум часа. Бескрајна благодарност до пожарникарите-спасители“, напиша Дачиќ.
Хрватското обвинителство подигна обвиненија против три лица поради организирање на шема за криптовалути, вредна милиони евра, со која измамиле повеќе од 200 луѓе.