Министерот за одбрана на Италија, Гвидо Кросето допатува претпладнево во Косово, каде што ќе се сретне со неговиот хомолог, косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци и со командантот на мисијата на НАТО во земјата КФОР, Озкан Улуташ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.
Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.
Предлогот за недоверба на грчката Влада доставен од четири опозициски партии, како што и се очекуваше, не го доби потребното парламентарно мнозинство, не беше изгласан од Парламентот и не создаде проблеми за владиното мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.
Државниот министер Ставрос Папаставру и заменик-министерот без ресор Јанис Братакос вечерва подесоа оставки, кои беа прифатени од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Ѓељошај наведе дека ставот на Владата е јасен: „Косово е независно и е наш сигурен партнер. Оваа Влада нема апсолутно никаква дилема. Продолжуваме со добрососедски односи со сите“.
Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа ја повика Црна Гора да продолжи со децентрализацијата на власта, да спроведе реформа на локалната самоуправа и да ги подобри процедурите за донесување одлуки, особено процедурите поврзани со финансиски прашања.
Во јануари годинава во Грција е регистриран зголемен број на посетители, но и на приходите од туристите за државата во споредба со истиот период лани, согласно прелиминарните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што дознава агенцијата Бета, поголем дел од наставниците и студентите на Филозофскиот факултет ја напуштиле зградата, но дел од раководството се уште е таму.
Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение.