Студентите, предводени од студентскиот продекан Дамњан Вакањец, кои од пладне го блокираа влезот на Филозофскиот факултет во Нови Сад, влегле во холот, а потоа со ланци и катанци го заклучиле влезот, а вратата дополнително ја блокирале со столчиња за да не може никој да влезе или да излезе.
Како што дознава агенцијата Бета, поголем дел од наставниците и студентите на Филозофскиот факултет ја напуштиле зградата, но дел од раководството се уште е таму.
По околу еден час до вратата дошле неколку полицајци и откако се увериле дека не можат да влезат, останале пред вратата.
Зградата на Филозофскиот факултет околу пладне беше блокирана од група студенти незадоволни од тоа што професорот на тој факултет Динко Грухоњиќ до вчера не беше отпуштен.
Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет и дел од студентите на Универзитетот на Нови Сад го обвинуваат Грухоњиќ за шовинизам и говор на омраза, а сето тоа е поврзано со хајката што трае околу две недели поради монтирана видео снимка објавена на социјалните мрежи и одредени медиуми.
За време на протестот, Филозофскиот факултет нареди да се прекине работата „до исполнување на условите за работа“.
Факултетот исто така побара Универзитетот „да преземе одговорност за последиците од постапките на Студентскиот парламент“ како орган на Универзитетот во Нови Сад и да обезбеди непречено функционирање на Филозофскиот факултет.
Филозофскиот факултет побара и од надлежните органи да преземат соодветни мерки за заштита на правата и безбедноста на студентите и вработените на Филозофскиот факултет.