Шефицата на бугарската дипломатија и мандатар за состав на новата коалициска влада, Марија Габриел, од централно-десничарската партија ГЕРБ, вчера изјави дека не е постигнат договор за формирање нова влада со централно-десничарската партија Промените продолжуваат (ПП).
Преку објава на платформата „Х“, Маќедонци порача дека вчерашната одлука на Парламентарното собрание на Северноатлантската алијанса е голем чекор за безбедноста, не само за Косово, туку и за регионот.
Утре ќе поднесам писмо до Народното собрание дека ја повлекувам кандидатурата за премиер. ГЕРБ нема да учествува во преговорите за втор мандат“, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи во оставка Марија Габриел на брифингот на ГЕРБ.
Курти вечерва на неговата официјална страница на Фејсбук напиша дека бомбардирањето на тогашна Југославија „го оневозможи спроведувањето на геноцидниот проект на Србија за истребување на Албанците“.
Пратеникот на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Дритон Хисени соопшти дека статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО е подигнат од членка-набљудувач на ниво на придружна членка, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на 25-годишнината од почетокот на интервенцијата на НАТО против воените и полициските сили на тогашна Југославија, им се заблагодари на земјите од Алијансата што „не ги затворија очите пред страдањата на луѓето од Косово во тоа време“, јави дописникот на МИА од Приштина.
По налог на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера доцна попладне, уапсен е вршителот на должноста градоначалник на општина Химара, Јорго Горо, за злоупотреба на службената положба.
Брнабиќ реагираше на размената на пораки на социјалната мрежа Х меѓу известувачот на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон и германскиот новинар Михаел Мартенс, кој оцени дека Србија блефира кога се заканува дека ќе излезе од Советот на Европа.
Војската на Србија сè повеќе соработува со НАТО алијансата и европските партнери преку учество во мисиите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика.
Иако нема информации дека на Србија и се заканува терористички акт, Дачиќ кажа дека ќе се применуваат мерки на претпазливост.