По средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Робинсон пред новинарите изјави дека САД работат со косовските институции „за подобро Косово денес и за подобра иднина за сите граѓани на Косово“.
Според соопштението на службата за информирање на Владата на Косово, на средбата одржана во резиденцијата на амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде, станало збор и за подготовките за следниот Самит на Берлинскиот процес, кој годинава го одбележува својот десетгодишнина.
Словенија прогласи еден руски дипломат за „персона нон грата“ и му нареди да ја напушти земјата во рок од седум дена, соопшти денеска словенечкото Министерство за надворешни работи.
Во изјава по средбата со Робинсон во нејзиниот кабинет, Османи рече дека американската поддршка за Косово е присутна во секој сектор.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека претседателот Зоран Милановиќ ја води Хрватска во рускиот табор и му порачал дека ќе остане премиер уште долго.
Црногорската влада на денешната седница донесе одлука за ограничување на маржите на повеќе од 500 производи, соопшти премиерот Милојко Спајиќ.
Операцијата е дел од првиот контингент на Фронтекс, заедно со операциите во Романија, Молдавија и Грузија. Неговата специфична оперативна цел е да обезбеди техничка и оперативна помош на националните власти долж воздушните, копнените и поморските граници на Бугарија.
Чекаме покана од мандатарите за продолжување на преговорите за влада, расположени сме доколку има желба, изјави денеска бугарскиот премиер во оставка Николај Денков во Брисел, каде што пристигна да учествува на дводневната средба на Европскиот совет.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска од Пула изјави дека неговата цел е победа, дека за лидерот на ХДЗ и премиер Андреј Пленковиќ „играта е завршена“, нема, вели, да ја зачува ниту европската фотеља, а ниту неговата ХДЗ нема да може да ја формира новата хрватска влада.
Првиот дел од средбата беше отворен за јавноста, а за време на едночасовната средба опфатен е широк спектар на прашања од руско-српската политичка и економска соработка, а е разговарано за ситуацијата на Косово, настаните на Балканот, но и актуелните меѓународни проблеми.