Албанската влада на денешната седница одлучи до 31 декември 2027 година да го продолжи учеството на вооружените сили во рамки на КФОР на Косово, јави државната агенција АТА.
Пратениците на српското собрание по тридневна дебата со мнозинство гласови од 153 пратеници и 5 против ја избраа досегашната премиерка Ана Брнабиќ за нов претседател на Народното собрание на Р. Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Одиме на нови избори и тоа е нормалниот крај на еден ненормален договор. Ова на новинарите им го коментираше лидерката на „БСП за Бугарија“, Корнелија Нинова.
Според Лорер, откако Габриел му го врати пополнетиот мандат на претседателот Радев, повеќе од половината предложени министри во новиот кабинет одбиле да учествуваат во него.
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, побара да се промени начинот на спроведување на Регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се забранува употребата на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Државната изборна комисија (ДИК) на Хрватска денеска го повика претседателот Зоран Милановиќ, согласно предупредувањето на Уставниот суд, да се воздржи од директно учество во политичко изборно промовирање на кој било учесник на изборите за време на неговите настапи во медиумите.
Фокус и ИДС вчера ја напуштија коалицијата со СДП, а медиумите шпекулираат дека тоа е поради најавата на претседателот Зоран Милановиќ дека ќе учествува на парламентарните избори и ќе биде нов премиер, што Уставниот суд го забрани.
Тој, сепак, одлучи дека повеќе нема да кажува дека ќе биде премиер, туку дека наскоро ќе биде иден премиер.
Таа додаде дека во ЕП има и такви кои сакаат добро за Србија, но и такви кои не и сакаат, наведувајќи дека тоа се „пријатели на опозицијата, Приштина и Албин Курти“.
Во изјава за новинарите по денешното обраќање на Конференцијата „Недела на жената“, Османи рече „постои само една земја што е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е Русија на (Владимир) Путин.