Пакетот закони со кои треба да се трансформираат Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово поминаа во прво читање во косовското Собрание, но и покрај најавите дека ќе стапат во сила на 28 ноември, од собраниската Комисија за надзор врз работата на ФСК велат дека на тој датум нема да дојде до формирање на војската, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поради инцидентите меѓу група демонстранти и полицијата пред средно училиште во Солун, каде требало да одржи говор министерот за образование на Грција, Костас Гавроглу, беше откажан настанот што имаше за цел да ги информира граѓаните и учениците за промените за запишување на факултет, јавуваат локалните медиуми.
Белградските весници во денешните изданија тврдат дека српските власти го одбиле новиот предлог од Брисел за продолжување на дијалогот со Приштина, оценувајќи го како „скандалозен“, „бесрамен“ и „уценувачки“.
Поради лошите временски услови и снегот, со одлука на градоначалниците, во три грчки општини во северниот дел на Грција денеска се затворени основните и средните училишта, јави дописничката на МИА од Атина.
Со Договорот од Преспа постојат предуслови да излеземе од ќор-сокакот во корист на Балканот и на двете земји, вели алтернативниот министер за одбрана на Грција, Панајотис Ригас во интервју за грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Тирана денеска ќе допатува делегација на Венецијанската комисија со цел да се запознае со предлогот за покренување за процес на проверка на потеклото на имотот на политичарите и за нивна евентуална вмешаност во криминални активности.
Ширум Бугарија продолжија протестите против превисоките цени на горивото, зголемените трошоци за живот, сиромаштијата и корупцијата.
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша порача дека „црвена линија на опозицијата за решавање на политичката криза е чистење на политиката од криминалот“.
Пратеникот од опозициската Нова демократија, Јанис Андониадис побара остар одговор од Атина и од грчкото Министерство за надворешни работи до Турција, па дури и потопување на турски бродови, во случај на експлотација на нафта во грчката економска зона во Егејското море.
Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави денеска дека е утврдена агендата на Самитот на Интерпол кој започна денеска во Дубаи и дека за барањето на Косово за зачленување во Организацијате ќе се гласа во вторник, на 20 ноември, јави дописникот на МИА од Приштина.