Норвешкиот брод „Полар Емпрес“, долг 117 метри, специјализиран за истражување нафта јаглероводород во морето, во текот на ноќта вплови во црногорското пристаниште Бар, каде ќе остане околу еден месец со цел на југот на Црна Гора да се спроведе испитување на околу 1,200 километри квадратни површина морско дно на местата за кои концесија доби италијанско-рускиот конзорциум „Ени-Новатек“.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека Косово има интерес да биде признаено од Србија, но нема да дозволи да се задира во она што досега го има постигнато, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватскиот суд наложи гаранција во износ од околу милион евра за основачот на задолжената хрватска компанија „Агрокор“ Ивица Тодориќ, кој овој месец беше екстрадиран од Велика Британија.
Во мрежите на албанските рибари од пристанишниот град Драч уловена е ајкула тешка 400 килограми.
Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај му порача на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ дека ниту тој, ниту било кој друг не може да одредува кој ќе биде преговарач од косовска страна во преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со акциите на најголемата словенечка банка – Нова Љубљанска банка (НЛБ) вчера почна да се тргува на Љубљанската и Лондонската берза, како што беше и предвидено откако минатата недела беше заклучена иницијалната јавна понуда (ИПО), во која словенечката држава продаде 59 отсто од акциите на НЛБ.
Во организација на Федерацијата на индустрии од Северна Грција, денес и утре во Солун ќе се одржи третиот „Thessaloniki summit“, кој оваа година е под наслов „Европската перспектива, поврзаноста, индустрискиот развој и соработката на Западен Балкан“, јави дописничката на МИА од Атина.
Виски претставници на ЕУ денеска во Брисел побараа од Албанија да ги продлабочи реформите со цел да ги започне преговорите за членство следната година.
Таа нагласи дека „единствениот пат за заминување на Рама се сенародни протести“, за што, како што рече, ЛСИ соработува со сите опозициски партии.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека очекува властите во Приштина да ги укинат воведените дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.